Портпарол на Белата куќа се криел зад грмушка, со цел да избегне новинарски прашања


Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер денеска се обидел на интересен начин да ги избегне новинарските прашања во врска со смената на директорот на ФБИ, Џејмс Коми, криејќи се од медиумите зад зеленилото, пишува весникот „Вашингтон пост“.

Тој по даденото интервју за „Фокс бизнис“ веднаш се повлекол неколку минути заедно со својот тим зад една висока грмушка, со цел да се посоветува што да им одговори на новинарите околу прашањата за Коми.

Потоа неговата асистентка Џанет Монтеси ги известила новинарските екипи дека Спајсер ќе одговори на некои прашања доколку не биде сниман. На крајот се појавил и Спајсер и почнал да одговара на прашања.

Новинарите барале одговор дали претседателот Доналд Трамп му наредил на заменик државниот обвинител Род Росенштајн да спроведе истрага против сменетиот директор на ФБИ. Според Спајсер, американскиот претседател не побарал истрага, додавајќи дека не знае повеќе детали.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1