Поскапуваат бензините и дизелот


Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 за три, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за два денара од литар, соопшти Регулатроната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 68,50 денари.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе се продава за 54,00 денари, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 42,50 ден/лит.

За 2,556 денари поскапува и мазутот М-1 НС и килограм ќе чини 29,351 денари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1