Последните зборови на Шериф Куачи: Монструмот открил зошто „сеел смрт“


Игор Сахири е новинарот од ТВ БМФ кој го направил последното интервју со терористот Шериф Куачи.

Според неговите зборови, џихадистот звучел многу смирено, луцидно и бил сосема сигурен дека она што го прави е исправно.

-Сакам да ви кажам дека ние сме воини на пророкот. Јас, Шериф Куачи, испратен сум од страна на Ал-Каеда од Јемен. Ме финансира имамот Анвар ал Авлаки, рекол Куачи.pariz teroristi

На прашањето колку долго добива пари за акциите од авојот имам, Куачи рекол дека тоа е долг временски период дури и пред да биде убиен имамот.

Куачи истакнал дека одамна е вратен во Франција, бидејќи морал да се запознае со ситуацијата  и да се подготви работите да ги изврши како што треба.

„Тоа не е твој проблем“ бил одговорот на прашањето дали во печатницата е со својот брат и дали има уште некој со нив.

„Дали планираш повторно да убиваш во име на Алах?“-прашал новинарот.

„Дали ние убивме други луѓе во последните неколку дена па затоа не прашувате? Ајде кажи ми!?“- одговорил Куачи.

На констатацијата на новинарот дека ги убил новинарите, Шериф имал подготвен одговор

-Чекај! Дали ние убивме цивили па поради тоа нас не барате цели два дена, прашал џихадистот.

Новинарот по тој одговор сакал да знае дали убиле некој друг, а тогаш добил малку поопширен одговор.

-Ние не сме убијци. Ние само го штитиме пророкот. Ние не сме како вас. Ние сме воини на пророкот и тука нема проблем. Смееме да убиваме, но ние не убиваме жени. Вие убивате и жени и деца во Ирак, Авганистан и Сирија. Ние не сме такви. Имаме ние кодекс на честа, изјавил Куачи.

Новинарот го запрашал дали ова е освета, а Кучаи одговорил потврдно.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1