Потресна исповед на една мајка: Моето бебе почина од глад поради доење


Џилијан Џонсон од Калифорнија имала добра бременост со своето прво дете. Синот Ландон го родила со царски рез, а по сите рутински прегледи, докторите заклучиле дека детето е потполно здраво.moeto-bebe-pocina-poradi-doenje-zivotna-prikazna-02

Џилијан го доела своето бебе на секои два часа по 30 минути. Но, два дена по неговото раѓање, малиот Ландон не се одвојувал од нејзе. Докторите не ни посомневале во проблемот кој завршил трагично.По само три дена по раѓањето, бебето изненадно престанало да дава знаци на живот, а неговото тело било модро поради дехидратација во организмот. Џилијан била скршена од тага бидејќи аутопсијата покажала дека таа несвесно го изгладнувала своето дете до смрт.
Докторите пробувале да го оживеат, но залудно – Ландон починал по 15 дена на апарати.moeto-bebe-pocina-poradi-doenje-zivotna-prikazna-04

Џилијан одамна сакала да ја сподели својата приказна со светот, но се плашела дека ќе биде осудувана од многу мајки. Меѓутоа, на денот кога нејзиниот син би наполнил пет години, таа решила да проговори за овој трагичен настан.

Само еден од лекарите ја советувал Џилијан да го дохранува своето дете поради недостатокот на млеко во нејзините дојки. Поради тоа, бебето изгубило скоро 10% од својата тежина.

“За помалку од 12 часа, без да знаеме, ние му го загрозивме животот. Сè што можам да кажам е дека доењето е најздраво, но не ја исклучувајте и дохраната. Само така ќе бидете сигурни дека Вашето бебе е сито. За мене тоа е предоцна.” – вели Џонсон.

Џилијан додава дека таа и нејзиниот партнер Џерод биле спремни за родителство, оделе на разни курсеви и читале книги и прирачници, но трагедијата сепак се случила.

Таа сега е свесна дека детето често плачело поради тоа што било гладно, а било мирно само додека таа го доела.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1