ПОТРЕСНО СВЕДОШТВО: „Јас ги пуштив терористите и гледав како ми ги убиваат колегите!“


Новинарката Корин Реј која за Шарли Ебдо црта под името Коко, ја зела својата ќерка од градинка и со неа се вратила на работа. Пред зградата ја пресретнале двајцата маскирани вооружени мажи и под закана за животот ја приморале да им ја отвори вратата

– Рекоа дека сакаат да влезат во канцеларите и брутално се заканија. Јас го внесов кодот и вратата се отвори – вели Корин.

korin rej carli

„Отидов да ја земам ќерка ми од училиште. Кога дојдов пред влезната врата во зградата на редакцијата, двајца мажи со маски и оружје брутално ми се заканија. Сакаа да влезат внатре и да се качат горе. Ја внесов шифрата. Ги убија Волински, Кабу…. Сѐ траеше пет минути… Се криев под масата. Зборуваа на совршен француски јазик. Кажаа дека се од Ал каеда“, кажала Корин.

Таа со ќерка си се сокрила под бирото, од каде гледале како ги убиваат нејзините колеги. Приказната на Корин е само едно од застрашувачките сведоштва на луѓето кои го виделе масакрот.

Друг вработен во канцеларија во истата зграда кој стигнал на местото на убиствата само неколку минути откако терористите си заминале, за Би Би Си изјави:

– Имаше многу тела на подот и крв насекаде. Ми олесна кога видов дека сите со кои работам јас се живи, но се трауматизирав од тоа што се случи. Сите кои го видовме тоа сега сме во психолошки пекол, побаравме помош од професионалци…

Жил Буланжер кој работи во истата зграда за француско радио раскажа дека пред да влезе на работа бил предупреден да не влегува бидејќи пред него во зградата влегле вооружени луѓе.

– По само неколку минути слушнав пукање, како да се водеше војна – вели тој.

Пред просториите на Шарли Ебдо имало обезбедување но напаѓачите веднаш пукале во полицајците и влегле во канцеларијата каде ги извршиле убиствата на 12 лица меѓу кои уредникот на сатиричниот магазин и негови колеги. Пукале двајца а надвор ги чекал трет. Тројцата терористи се во бегство…

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1