Повеќе автори во игра за евровизиската песна


За песната, со која кралицата на ромската музика Есма Реџепова и популарниот поп-изведувач Влатко Лозаноски ќе н` претставуваат на Евросонг, ќе бидат ангажирани неколку композитори.

macedonia 2013

Реџепова истакнува дека најважно е да се избере најдобрата композиција, а изборот на авторите ќе ~ го препушти на Македонската радио-телевизија, која го избра македонскиот евровизиски претставник.

За изборот на автори ќе решава Македонската телевизија, која е организатор на овој настан. Kако изведувач најмногу ме познава мојот син Симеон Атанасов, кој во своите песни најмногу го истакнува мојот глас. Отворена сум за соработка со секој автор – вели Есма.

Специјалното претставување на евровизиската песна ќе биде кон крајот на февруари во Студиото З во Македонската телевизија. Изборот на песна за Евровизија ќе се одржи од 14 до 18 мај во Малме, Шведска.

Дневник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1