Повик од 26 македонски историчари за одбрана на уставното име, јазикот и историјата


Дваесет и шест историчари, доктори по историски науки и универзитетски професори се спротивставуваат и ги отфрлаат обидите за редефинирање, промена и фалсификување на македонската историја, чија конечна цел, според нив, е уништување на македонската нација со сите нејзини идентитетски обележја.

Во обраќањето испратено до медиумите актуелните состојби поврзани со идентитетските прашања, тие ја повикуваат македонската јавност да ги поддржи нивните барања за одбрана на уставното име, македонскиот јазик и македонската историја. Зад обраќањето не стои невладина организација, здружение или политичка партија.

„Исправени пред конечната разрешница на македонското прашање, која може да биде со катастрофални последици за Република Македонија и македонскиот народ, ние, како македонски интелектуалци, историчари, универзитетски професори остро се спротивставуваме на обидите за промена на вековното историско име на нашата држава – Македонија. Се спротивставуваме и ги отфрламе обидите за редефинирање, промена и фалсификување на македонската историја – чијашто конечна цел е уништување на македонската нација со сите нејзини идентитетски обележја“, пишува во обраќањето на историчарите.

Тие ги повикуваат сите општествено-политички фактори во Република Македонија да застанат во одбраната на уставното име, македонскиот јазик и македонската историја.

„Како интелектуалци ја повикуваме власта и опозицијата во Република Македонија да постигнат единство околу македонските државни и национални интереси и да пристапат кон изготвување македонска државна стратегија во која јасно ќе бидат дефинирани столбовите на македонската државност за кои ќе нема никакви преговори“, пишува во писмото потпишано од 26 историчари, меѓу кои Виолета Ачкоска, Тодор Чепреганов, Никола Жежов, Михајло Миновски, Александар Стојчев, Новица Велјановски…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1