Повторно ли лажни попусти за да ве намамат – овојпат во Skopje City Mall


Црн петок во светот е ден на огромни попусти каде и за неколку долари може да купите дури и телевизори, компјутери… Како е кај нас?

Флаери со листа на производи со попуст што кога ќе влезете во продавниците „само што се потрошиле“, реклами со попусти најчесто определени „до“ некој поголем процент, како и лажни проценти за попустот да изгледа поголем се трите најчести финти на трговците да ги натераат потрошувачите да влезат во дуќаните, пишува Скопје Инфо

sity mall

 

Граѓаните често се жалат дека кај нас нема вистински распродажби, како во соседните држави, каде што одат за да купат производи во висина на едноцифрена сума во евра.

“Дали сте спремни за најголемиот и најпознатиот ден за шопинг во светот? Повелете на ★BLACK FRIDAY★ во Скопје Сити Мол!!!” – токму вака помпезно се најавува Black Friday во најголемиот шопинг центар во Скопје. Инаку, тоа е денот кога во светот купувачите имаат единствена можност да ги купат своит омилени производи по навистина ниски цени.

Но, тоа е светот. Во Македонија сликата и реалноста е многу поразлична. Скопјеинфо често пишува за лажни и фиктивни попусти и за ефтини маркетиншки трикови со кои трговците се обидуваат да го привлечат вниманието на купувачите.

Се чини дека ефектот е сосема спротивен: на терен често може да се забележи револт, нервоза и нетрпение. Неодамна ве една анкета која ја направи нашата редакција потрошувачите во Skopje City Mall речиси едногласно констатираа дека во ниту една продавница нема реален попуст, се е сведено на лаги, маркетинг и трикови со кои трговците се обидуваат да ги привлечат купувачите.

Рекцијата на иституциите е слаба. Но, со цел да направиме некакви промени ве потикнуваме во Државниот пазарен инспекторат да ги пријавите сите забелешки и нерегуларност. Телефонскиот број е 02/3220-547.

СкопјеИнфо.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1