Повторно врие во Скопје – Албанци протестираат пред Цар Душан (Видео)


Група граѓани се собрале денеска во близина на споменикот на Цар Душан за да го изразат револтот против неговото поставување – пренесува „Ина“.

Полицијата денеска повтороно спречи дваесетина демонстранти кои носеа албански знамиња да стигнат до споменикот Цар Душан, кој е поставен на мостот „Око“.

Единицата за брзо распоредување беше распоредена на плоштадот „Филип Втори“. Полицијата им го ограничи движењето на демонстрантите и ги притисна пред влезот на Старата скопска чаршија. Тогаш демонстрантите се обидоа насилно да го пробијат полицискиот кордон, но не успеаа. По половина час, протестантите се повлекоа. Полициското обезбедување и натаму остана да стои пред мостот „Око“.

Деновиве околу споменикот на Цар Душан е тензично, а него го чува полицијата без прекин.

Фото ИНА / Видео-А1Он

albanskiprotest

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1