Пожар во Кисела Вода – загина жена!


Утринава околу 6 часот избил пожар во општината Кисела Вода, на улицата „Вера Јоциќ“ во станбена зграда, информира командирот на Противпожарната бригада Ѕвонко Томевски.pozar mk3

– Пожарот избил во подрумски простории на објектот адаптирани за живеење на едно лице. Пожарот настанал од уред за греење. Лицето што било во просторииите не успеало да излезе и, за жал, се задушило. Со четири противпожарни возила и 12 пожарникари, пожарот е локализиран – изјави Томевски за „Нова Македонија“.

Според информациите, загината е постара жена.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1