Пожар во кумановската полиција, изгоре канцеларија за аналитика


Утрово, избувнал пожар во една од канцелариите на СВР Куманово
Пожарот е изгаснат откако интервенирало едно противпожарно возило со петмина пожарникари.

Пожарот во Противпожарната единица е пријавен во 8:10 часот утрово, а е изгаснат по еден час, информираат надлежните од Териоторијалата противпожарна единица од Куманово.

Во пожарот била зафатена една канцеларија на аналитика, која се наоѓа на вториот кат во зградата на СВР Куманово, информираа од кумановската полиција.

Од МВР велат дека по извршениот увид констатирано е дека причина за настанување на пожарот е дотраената електрична инсталација.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1