Пожар во луксузен хотел во Истанбул – засега нема информации за жртви


Пожар избувна рано изутринава во еден луксузен хотел со пет ѕвезди во истанбулката населба Бајрампаша.

Како што јави телевиизјата НТВ, пожарот избувнал во просторија во која се сместени генераторите на хотелот, по што набрзо се проширил низ објектот.

По активирањето на алармот за пожар, од хотелот биле евакуирани сите гости и присутни и засега нема информации за евентуални жртви.

На местото на пожарот пристигнале неколку пртивпожарни возила, кои набрзо успеала да го изгаснат огнот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1