Пожар во центарот на Скопје, спречена голема катастрофа


Голем пожар избувна утрово кај “Дрво-декор”во центарот на Скопје. Според очевидците кои живеат во околните куќи, пламенот почнал да се шири од една од бараките кои се наоѓаат на влезот од населбата “Ново Маало”.vatra-pozar-vatrogasci-foto-fonet-1424135850-617613-75756

Поради можноста да зафати поголем дел од објектитe кои се наоѓале во непосредна близина, жителите од населбата почнале сами да го гасат пожарот.

Во моментите додека се ширел пламенот, во сервисот имало две плински боци, кои доколку биле зафатени, постоела опасност да предизвикаат силна експлозија.

Екипите на противпожарната служба на град Скопје веднаш пристигнаа на местото, и нивната брза интевенција спречи ширење на пожарот и во соседните бараки.

Повредени лица нема, а причините за пожарот дополнително ќе ги утврдуваат единиците од крим техника при МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1