Пожари на француската ревиера


Стотина пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарот што изби на околу 15 километри од Ница, соопшти претставникот на локалната администрација Жан Габриел Делакртој.

Тој посочи дека огнот се разгорел синоќа и се уште не е изгаснат, но е ставен под контрола, а тројца пожарникари се полесно повредени.

Пожарот зафатил околу 120 хектари шума и се доближил до градот Кастанија, но за сега ниту една куќа не е оштетена.

Огнот минатите денови, потпомогнат од медитеранските ветрови ги погоди и Прованса и Корзика.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1