Пожарот во Њујорк во кој загинаа 12 лица го предизвикало тригодишно дете


Дете кое си играло со шпорет можеби го предизвикувало пожарот во зградата во Њујорк во кој загинаа 12 лица, меѓу кои и четири деца.

– Според истрагата, тригодишно дете кое не било под родителски надзор го запалило пожарот на првиот кат од зградата, кој потоа брзо се проширил на горните катови – изјавил портпаролот на градската противпожарна бригада.

Пожарот, кој се смета за најсмртоносен во последните три децении, изби вчера на првиот кат и наскоро се прошири на погорните катови од пет катната зграда во квартот Бронкс.

Како што соопшти де Бласио, докторите се борат за животите на уште четири луѓе. Во гаснењето на пожарот беа ангажирани повеќе од 170 пожарникари.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1