Познат идентитетот на мажот што се удави во Охридско Езеро


Димитри А. (61) од Охрид е лицето чие беживотно тело вчера беше извлечено од водите на Охридското Езеро кај плажата Сараиште во стариот дел на градот.Според соопштението на полицијата, неговото тело било забележано во водите на езерото околу 17:50 часот, на околу четири метри длабочина и на оддалеченост од околу десеттина метри од езерскиот брег.

Увид на лице место е извршен од полициски екипи во присуство на јавен обвинител.

На безживотното тело не се забележани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1