Познат идентитетот на загинатите во трагедијата кај Велес


Триесет и четиригодишната скопјанка Василка С. и нејзиниот четиригодишен син загинаа вчеравечер во сообраќајка на автопатот Велес-Неготино. Во несреќата полесно е повреден нејзиниот сопруг, кој го возел автомобилот со кој патувало целото семејство.soobrakjajka policija nokj

Несреќата се случи вчера околу 19 часот во непосредна близина на наплатната рампа кај Градско.

Семејството патувало со автомобил „матиз“ и најверојатно налетале на еден од двата камиони кои претходно на патот се судриле, и автомобилот по ударот излетал од патот.

По наредба на јавен обвинител телата на загинатите им се дадени на семејството.

Еве го официјалното инфо за несреќата од МВР 

На ден 26.05.2015 година околу 18,45 часот на автопатот Неготино-Скопје, поточно на два километри. пред наплатна станица „Градско“ случена е сообраќајна несреќа во која патнички автомобил марка „Мазда 3“ со скопски регистерски ознаки сопственост и управуван од Г.С.(33) од Скопје удрил во застанато товарно возило марка „Мерцедес Атего“ со скопски регистерски ознаки управувано од В.К.(65) од Скопје, кое предходно удрило во застанато товарно возило марка „Мерцедес Кесон“ со скопски регистерски ознаки управувано од С.М.(44) од Скопје. Во несреќата од здобиените повреди на местото на настанот починале сопатничката Василка С.(34) и 4-годишно дете сопатник и двајцата од Скопје. Извршен е увид на од страна на ЈО и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на ЈО телата на починатите се предадени на семејството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1