Познат скопски бизнисмен пронајден мртов?


Телото кое вчера беше пронајдено во автомобил кој беше паднат во длабока бездна на патот Гостивар – Кичево кај каменоломите, најверојатно е на познат скопски бизнисмен, откриваат неофицијални извори од истрагата, јавува Курир.

Тој вчера околу 10 часот беше пронајден во својата Шкода Октавија излетан од патот, а неговото тело беше растргнато.policiska-lenta

Од полицијта денес информираат дека во близинана телото е пронајдена патна исправа на лице од Скопје кое на први месецов било пријавено за исчезнато.

Увидот ќе продолжи и денеска, па повеќе официјални информации се очекуваат по неговото завршување.

Press24.mk објавува дека станува збор за бизнисмен од скопски Аеродром кој се занимавал со градежништво.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1