Позната причината за трагедијата: Како изгоре црквата за Велигден?


Пожарот во кој за Велигден изгоре Соборната црква Свети Сава во Њујорк го предизвикале незгаснати свеќи, соопшти комесарот на њујоршката противпожарна служба Даниел Нигро.srpska-pravoslavna-crkva-640x294

-Пожарот е последица од несреќен случај, потврди Нигро.

Можноста свеќите да се причина за пожарот ја наведува и “Њујорк пост”, повикувајќи се на портпаролот на њујоршките пожарникари Френсис Грибон.

Градските власти велат дека не постои непосредна опасност од уривање на ѕидовите на црквата, но инспекцијата ќе ја следи ситуацијата.

Црковните власти, пак, ја разгледуваат можноста дали некој дел од оваа градба од средината на 19 век би можел да биде сочуван при обновата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1