Познатата актерка избегна смрт: Авионот слетал итно откако му се расипал моторот


Џенифер преживеала вистинска драма затоа што на нејзиниот приватен авион, на околу 9.000 метри висина му откажал моторот. Пилотите се припремиле за итно слетување, а притоа откажал и другиот мотор.

Актерката во саботата се враќала од родниот град Лујвил во Њујорк, каде моментално живее.

26 годишната Џенифер Лоренс преживеала вистинска драма, затоа што нејзиниот приватен авин бил на околу 9.000 метри висина кога откажал моторот. Пилотите се спремиле за итно слетување, а притоа откажал и другиот мотор.

Авионот слетал безбедно, а Лоренс поминала без повреди.

Инаку, актерката неодамна во „голем стил“ го прослави роденден на своја пријателка. Со друштвото отидоа во ноќен клуб во Лос Анџелес. Видно пијана актерката се влечеше по подот, па играше на шипка за стриптиз. Снимката, иако со лош квалитет се појави во јавноста.

-На момент престанав да бидам анксиозна и се забавував. Нема да се извинувам. Беше многу забавно, напиша Лоренс во објавата на Фејсбук, реагирајќи на снимката која со голема брзина се прошири низ интернет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1