Познатиот ,,Битлси,, Пол Мекартни ќе прави видеоигра


Легендата на Битлси, славниот Пол Мекартни, потврди дека ќе соработува со студиото Банџи. За неупатените, студио Банџи е главен виновник за мегапопуларниот серијал на видео игри Хало.

Пол на својот твитер профил потврди дека ќе влезе во проектот со тајно име Destiny(Судбина) и дека ќе биде одговорен за музиката и звучниот дел од серијалот.
Точно прочитавте, Destiny е предвидено да биде серијал од четри игри со исто толку експанзии под кодно име Comet( Комета).

Проектот е закажан за реализација од 2013 до 2020, а игрите треба да се појават на Xbox360, PS3,PC, како и на конзолите од четвртата генерација.
Имено, легендарниот музичар не влегува во овој проект без искуство, тој претходно соработуваше со студиото Хармоникс на играта The Beatles: Rock Band. Еве како тоа изгледаше –

Tags: , , , , ,

Благоја Гроздановски

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1