ПРЕГОВОРИТЕ ПРОПАДНАА: Заев не доби одложување па се закани – избори на 24 април без СДСМ


За 24 април како датум за избори биле три од четирите партии, а како што неофицијално се брифира и медијаторите кои се вклучени процесот. Единствено опозициската СДСМ била против Опозицискиот лидер Зоран Заев барал одложување на изборитеzaev233

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев прв замина од преговорите во Пржино, по речиси осум часа преговори. Тој кажа дека нема договор околу датумот за избори, и доколлку се на 24 април, тие ќе се одржат без СДСМ.

Заев најави дека повеќе информации партијата ќе даде во текот на утрешниот ден, но во кратката изјава рече дека преговорите пропаднаа и СДСМ нема да учествувала на нерегуларни избори.

-Не отстапуваме од слободни и фер избори. Избори се можни само со прочистен избирачки список и минимум професионални медиумски стандарди. Продолжуваме да се бориме. Избори на 24 април не прифаќаме, рече Заев.

Хан и другите амбасадори вложувале крајни напори да го убедат Заев да биде рационален, но тој ја продолжува агонијата.

Лидерот на СДСМ отишол толку далеку што почнал да поставува и нови услови, се со цел да ги избегне изборите. Измислувал и тотално нелогични изговори зошто не може да се одржат изборите, а на тоа присутните започнале да му се смеат и да се шегуваат.

ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА се за избори. Трите партии дадоа уште многу предлози кои треба да се обезбедат дополнитена сигурност во изборите, но очигледно е дека СДСМ се плаши од народот.

Share Button
MK News

Автор инфо

One Response to “ПРЕГОВОРИТЕ ПРОПАДНАА: Заев не доби одложување па се закани – избори на 24 април без СДСМ”

  1. Aleksandar #

    СДСМ е во право, нема избори без прочистен избирачки список.
    ВМРО ДПМНЕ може да лае колку сака.
    Прајте си избори ама и јас не гласам.

    16/01/2016 03:21 at 03:21 Reply

Остави коментар

UA-33057274-1