Премиерот Вучиќ го помина полиграфот на обвинувањата на „Курир“


Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави денеска дека претседателот на Владата на Србија Александар Вучиќ го поддржал полиграфското тестирање, по повод обвиненијата кои неодамна се изнесени во дневниот весник „Курир“ дека учествувал во „притисоци, уцени и изнудување на противправен исказ“ од поранешниот директор на овој дневен весник, јави Танјуг.vucic

– Детекторот на лага потврди дека премиерот на Србија не го познава поранешниот директор на „Курир“, оти никогаш не се сретнал со него и оти никогаш не му нудел било што да кого било лажно обвини, изјави денеска Стефановиќ.

Стефановиќ изјави дека полицијата ќе спроведе детална и брза истрага, која ќе покаже кој и со каква цел го организирал ширењето на лагата против премиерот и обидот да се дестабилизира земјата.

– Полицијата ќе се обиде да дојде и до Александар Корниц, да го сослуша и по поднесувањето извештај очекувам дека обвинителството ќе се изјасни за нашата работа и квалификација на делата, истакна Стефановиќ.

Тој го потврди апсењето на припадник на барската криминална група, кој во 24 часот е затечен во осум наврати на приодот на семејниот дом на Вучиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1