Престанете да викате на своите деца


Ако ви се случи поради неважни работи неконтролирано да викате на своите деца или партнерот, секако прочитајте ја исповеста на мајката која успеала да ја промени таа своја лоша навика.

Ги ценам пораките кои ги добивам од своите деца, било да се нашарани со фломастер на мало парче хартија или напишани со совршен ракопис на хартија со линии. Но, песната за Денот на мајката која ја добив минатата пролет од својата најстара ќерка, посебно длабоко ме погоди.

aog74406Првиот стих на песната ми го одзема здивот пред да почнат солзите да ми течат по лицето.

– Важна работа за мојата мајка… таа е секогаш тука за мене, дури и кога ќе направам голем проблем.

Гледате, не беше секогаш така. Во текот на мојот многу растроен живот, почнав еден нов обичај кој радикално се разликуваше од начинот на кој до тогаш се однесував. Станав лице кое вика. Тоа не беше често, но беше екстремно, како пренадуван балон кој ненадејно пука и сите во близина поради тоа се преплашуваат.

Па што се случи со моите деца, кои тогаш имаа три и шест години, зошто почнав да се губам? Дали тоа беше инсистирање на една ќерка да отрча по уште три брезлетни и омилените розови очила, кога ние веќе доцниме? Дали е причината поради тоа што другата се обиде сама да си стави овесни снегулки на маса, па сите ги истури на масата? Дали е поради тоа што една од нив ми бутна специјален украс од стаклен ангел, иако и зборував да не го пипка? Дали поради тоа што друга стоечки се бореше да не заспие токму кога мене ми беа потребни мир и тишина? Дали е поради тоа што двете се караа околу глупави работи како на пример, која прва ќе излезе од автомобилот или која ќе изеде најголема топка сладолед?

Да, тоа беа тие нешта, нормални мали препукувања и типични детски проблеми и однесување, кое ме иритираше до таа мерка што јас губев контрола.

majka kjerkaОваа реченица не е лесно да се напише. Ниту тоа е убав период од мојот живот за сеќавање, бидејќи да бидам искрена, се мразев самата во тие моменти. Во што се претворив што почнав да викам на две драгоцени мали деца кои ги сакав повеќе од самиот живот?
Ќе ви кажам во што се претворив. Во мое свртување на вниманието.

Претераната употреба на телефонот, премногу задачи, ту-ду листи на повеќе страни и трката по совршенство едноставно ме исцрпеа. А викањето на луѓето кои ги сакав беше директна последица на губење на контрола која ја чувствував во својот живот. Секако, морав некаде да пукнам. Пукнав зад затворени врати во друштво на луѓе кои ми значеа најмногу на светот. Се до еден судбоносен ден.

Мојата постара ќерка стана од столчето за да дофати нешто, а потоа случајно преврте цела кеса ориз на подот. Додека милиони ситни зрна летаа по подот како дожд, очите на моето дете се исполнија со солзи. И тогаш го видов – стравот во нејзините очи додека се подготвуваше за тиранија од својата мајка.

– Таа се плаши од менем помислив со најболното можно сваќање. – Моето 6 годишно дете се плаши од реакцијата на својата невина грешка.
Со длабоко жалење сфатив дека не сум мајка каква што сакам да ги порасне моите деца, ниту дека така сакам да го живеам остатокот од животот.

majka i kjerkaВо неделите кои следеа по таа епизода, доживеав слом и просветлување – момент кој ме покрена на патот хандс фрее, пат до заборавот на целото свртување на вниманието и бавење со она што навистина е важно. Тоа беше пред три години, година на легално одвојување од претерувањето во употребата на електронските гаџети во мојот живот…

 Со помалку товар на грбот, можев да реагирам на грешките на моите деца на многу посмирен, по сочувстителен и поразумен начин.

Зборував работи како: – Тоа е само сируп од чоколадо. Можеш да го избришеш и масата ќе биде како нова. (Наместо да испуштам огорчена воздишка и да превртувам со очите). Се понудив да ја држам метлата додека таа ги чистеше овесните снегулки од подот. (Наместо да стојам над неа со поглед на негодување и неопислива досада). И помогнав да размисли каде ги оставила своите очила. (Наместо да ја посрамотам што е толку многу неодговорна).

decaА во моментите кога чистата исцрпеност и постојаното кукање се закануваат дека ќе го земат најдоброто од мене, влегував во бањата, затворав врата зад себе и си давав малку време да дишам и да се потсетам дека тие се деца, а децата грешат. Исто како и јас.

Со време исчезна и стравот кој се гледаше во очите на моите деца, кога паѓаа во неволја. И благодарам на Господ, станав закрила во нивните тешки моменти, наместо непријател од кој треба да бегаат и да се кријат.

Не сум сигурна дали би се сетила да напишам за оваа длабока трансформација, а да не се случеше инцидент додека го завршував ракописот за мојата книга. Во тој момент почувствував дека животот ми е претежок и потребата да викам ми беше на врв на јазик. Го приведував кон крајот последното поглавје на книгата, кога мојот компјутер се замрзна. Ненадејно, измената на цели три поглавја исчезнаа пред моите очи.

Поминав неколку минути обидувајќи се да ја вратам последната верзија на ракописот. Кога тоа не ми успеа, консултирав и бек ап, само за да откријам дека и таму ракописот исчезнал по некоја грешка. Кога сфатив дека никогаш нема да ги вратам поглавјата на кои работев, ми дојде да плачам, или уште подобро, ми дојде да врискам од бес.

decaНо, не можев бидејќи требаше да ги земам децата од училиште и да ги однесам на пливање. Со голема воздржаност мирно го затворив мојот компјутер и се потсетив дека постојат многу, навистина многу полоши проблеми од повторното пишување на овие поглавја. Затоа си реков, дека не постои апсолутно ништо што би можела сега да го направам за да го решам овој проблем.

Кога моите деца влегоа во автомобилот, веднаш знаеја дека нешто не е во ред. – Што не е во ред мамо? – ме прашаа едногласно по само еден кус поглед на моето бледо лице. Ми дојде да вриснам – Само што изгубив цела четвртина од мојата книга!

Ми дојде со дланка да го скршам воланот бидејќи седењето во автомобилот беше последно место на кое сакав да бидам во тој момент. Сакав да одам дома и да ја поправам својата книга, а не да ги возам децата на пливање, да цедам мокри костими за капење, да им ги чешлам замрсените коси, да им готвам вечера, да мијам чинии и да ги успивам.

Но, наместо тоа мирно реков: – Малку ми е проблем сега да зборувам за тоа, изгубив дел од книгата и не сакам да зборам за тоа, бидејќи се чувствувам лошо.

– Жал ни е, рече постарата ќерка во име на двете. И тогаш, како да знаеја дека ми требаше простор, беа мирни се до базенот. Децата и јас ги завршивме сите активности тој ден и иако бев потивка од обично, не викав и дадов се од себе да се воздржам од тоа да мислам на книгата. Конечно денот заврши.

deca-knjigeЈа успав помалата ќерка во кревет и седнав со поголемата на вечерно муабетење. – Мислиш дека ќе успееш да ги вратиш поглавјата?, тивко ме праша ќерка ми. И тогаш почнав да плачам, не толку поради тие три поглавја, знаев дека можам повторно да ги напишам, мојот слом се случи повеќе од замор и фрустрации кои го подразбираат пишувањето и уредувањето на книга.

Бев толку блиску до крајот. На мое изненадување, моето дете ми пружи рака и нежно ме погали по косата. Изговори охрабрувачки зборови како – компјутерите можат да бидат толку фрустрирачки и Можам да погледнам во бек ап и да видам дали можам да ти ја поправам книгата. И на крај, мамо ти тоа го можеш, ти си најдобар писател кој го познавам и јас ќе ти помогнам колку што можам.

Кога јас имав проблем, таа беше тука, трпеливо и сочувствително ме храбреше не помислувајќи да ме удри кога веќе бев на дното. Моето дете не би го научило овој одговор полн со емпатија, ако јас останев она исто лице кое вика.

Бидејќи викањето ја затвора комуникацијата, ги прекинува врските, тоа прави луѓето да се разделуваат, наместо да се зближуваат. Важна работа е… мојата мајка секогаш е тука за мене, дури и кога ќе направам проблем.

Моето дете тоа го напиша за мене, жена која помина низ тежок период на кој не е горда, но од кој научи. И во зборовите на мојата ќерка гледам надеж и за другите.

Важно е… дека не е доцна да престанете да викате.
Важно е… дека децата простуваат, посебно кога гледаат дека сте лице кое сакаат да го променат.
Важно е… дека без оглед на тоа што се случило вчера, денес е нов ден.
Денес можеме да одбереме да реагираме мирно. И додека го правиме тоа, да ги учиме децата дека мир гради мостови. Мостови преку кои можеме да поминеме кога имаме проблеми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1