Преживеа три шлога во еден ден: Еден го сними во живо, внимавајте на овие симптоми


Стејси Јепс била во автомобил кога почнала чудоно да се чувствува. Таа го запрела автомобилот, го зела телефонот и снимила што и се случува со лицето. Тоа бил еден од трите шлога што оваа храбра жена таа недела ди преживеала.

Чувстувала замајаност и слабост. Ден претходно била на лекар со истите симптоми и тој ја испратил дома да се одмара како последица од стрес. Овој пат решила да сними се што и се случува за да добие подобро објаснување зошто тоа веќе било трет пат во рок од 5 дена.

Чувствувала дека едната страна од лицето и е парализирана, левата рака слабо подвижна, а говорот отежната. Сето не можело да биде само последица од стресто. Тој ден одлучила да отиде во друга болница и таму дознала дека тоа бил уште еден шлог.

Според податоците на стручњаците секоја минута 30 луѓе доживуваат шлог.

Симптомите на шлогот се малаксанотс на лицето, неможност за смеење, слабост во едната рака или нога, отежнат говор, отупеност, а сето тоа вообичаено не е пропратено со никаква болка. Тешките облици на шлог имаат поинакви симптоми: вртоглавица, главоболка, матен вид, проблем со голтање, парализа, губење рамнотежа и збунетост.

Високиот крвен притисок и холестеролот можат да доведат до шлог, како и пушењето и недоволната физичка активност. Без оглед на симптомите, ако некој во вашата околина поминува низ вакво нешто веднаш побарајте помош.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1