Преживеаниот играч на Чапекоензе започна сам да оди и најави враќање на терените (ВИДЕО)


Фудбалерот Хелио Него кој има 31 година е еден од шестмината кои се извлекоа од остатоците на авионот кој удри во планината во близина на колумбискиот град Маделин, додека ги превезуваше фудбалерите на бразилскиот Чапекоензе на финалето на Копа Судамерикана.

-Со Божја помош еве ме мене повторно на теренот во дресот на Чапекоензе,  рекол бразилскиот фудбалер Хелио Нето, кој ги направил првите чекори без помош на патерици, откако го преживеа падот на авионот.fudbaler-1

Во стравичната несреќа загина скоро цела негова екипа, а Нето извесно време бил во кома. Кога се разбудил, прво ги прашал лекарите како минале во финалето, но тие немале срце да му кажат дека скоро сите соиграчи му се мртви. Кога состојбата му се поправила му ја кажале вистината а Нето бил во шок, пренесуваат тамошните медиуми.

Тој во моментов се опоравува и физички и психички, а на социјалните мрежи се појави и  видео во кое бразилскиот играч првпат оди без помош на патерици, по несреќата која ја преживел.

Тој по застанувањето на нозе најави и дека ќе се врати на теренот.

-Мислам дека повторно ќе можам да играм. Со Божја помош, ете ме мене повторно на теренот во дресот на Чапекоензе,  рекол фудбалерот откако ги направил првите чекори без патерици.

На местото на несреќата, меѓу работите расфрлени на неколку километри во планинското подрачје спасувачките екипи ја пронашле и неговата Библија која секогаш ја носел со себе.

Библијата и била вратена на неговата сопруга која во тоа време уште не знаела дали Хелио ќе преживее. Таа открила дека сопругот на денот на кобното патување и рекол дека баш и не му се оди бидејќи имал лошо пречувство бидејќи сонувал дека авионот ќе падне.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1