Причина за смртта екстремни повреди и обилни крварења на загинатите во Пајперот


Тешки механички повреди и обилни крварења се причините за смртта на патниците во италијанскиот “Пајпер Сенека 2” кој се урна над скопско Кожле.

Неофицијалните информации говорат дека до вечерва се очекува да заврши обдукцијата на шестмината кои настрадаа во авионската несреќа пред два дена.avion 33

Според првичните сознанија 4 тимови од судска медицина работат на обдукцијата на телата кои беа пронајдени на местото на падот на авионот.

По завршување на обдукцијата, следува фазата за утврдување на идентитетот која се спроведува со споредба на ДНК со роднини на починатите.

Оваа постапка според информациите би требало да трае два до три дена по добивање на примероците од крв.

Телата на италијанските и косовските државјани кои беа пронајдени на местото на падот на авионот во безживотна состојба во овој момент се наоѓаат во просториите на Судска медицина каде се вршат сите испитувања.

Неофицијално истрагата која треба да ги докаже причините за падот на Пајперот ја водат двајца обвинители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1