Прислушувани разговори повторно на Фејсбук, партијата на Ахмети бара апсење


Неколку стотици фајла со нелегално прислушувани разговори претежно на функционери на владејачката ДУИ повторно се ставени на социјални мрежи каде што може да ги слушаат сите заинтересирани лица.1435558711071843826623625942479253036769568n

-На снимките може да се слушнат разговори меѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот вицепремиер Муса Џафери, меѓу Џафери и пратеничката Ермира Мехмети, меѓу Муса Џафери и извесен Kорошевиќ итн. Очигледно целната група и на овие нелегални снимки пуштени во јавноста се високите функционери на ДУИ, вклучително и на лидерот на партијата, пишува Дневник.

Од ДУИ за весникот велат дека ова е уште една потврда дека е компромитиран целиот процес и ги повикаа институциите СЈО, ЈО, МВР, Дирекцијата за заштита на личните податоци да си ја вршат работата.

Снимки од незаконски прислушувани разговори се појавија на фан страна на Facebook. Оној кој ја уредува страната тврди дека станува збор за снимки на пратеничката Ермира Мехмети и екс вице премиерот Муса Џафери, како и останати високи функционери на ДУИ, меѓу кои, како што тврди оној што ги поставил и лидерот Али Ахмети, пишува Сител.

На страната може да се преслушуваат разговорите кои се на албански јазик.

Покрај нив, објавени се и принт скринови за кои авторот тврди дека се од фолдерите во кои ги чува незаконски прислушуваните разговори.

Може да се забележи дека станува збор за поголем број на фајлови.

Дали станува збор за фајловите кои лидерот на СДСМ тврдеше дека и ги предаде на Специјалната обвинителка Катица Јанева се уште нема информација.

Пратеничката Мехмети се огласи на социјалните мрежи. Таа тврди дека разговорите не се автентични, а гласот е на друга женска личност и се монтирани.

„Решив да кажам неколку зборови за нападот, затоа што се чини дека тие продолжуваат. Прво, трендот е јасен, со користење на методи на уредување програми, Ермира Мехмети стана синоним за морална изопаченост на нашето општество. Не е изненадувачки, во машко општество, каде владеат патријархатот и логиката на племенските општества.Таму мажот го има последниот звбор, а Ермира е пречка која мора да се елиминира…” – пишува Мехмети меѓу другото на Facebook.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1