Притвор за пратеник ако одобри Собранието


Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, предвидува членот 64 од Уставот на Република Македонија.

Врз основа на овој член, пратеникот може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието.

Собранието, според членот 64 од Уставот, може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.

Во член 65 од Уставот стои дека на пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години. На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично дело или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци.

Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со дво-третинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1