Приведена „гатачка“ од Велес


Кривична пријава за триесет и едно годишната А.С. од Велес осомничена дека извршила три кривични дела „измама“ во периодот од јануари до јуни годинава.

Како што соопштуваат од МВР пријавената во три наврати се појавувала во куќи на различни локации во градот претставувајќи се како гатачка која може да направи амајлија од златен накит која ќе ги штити од злото, а на болните ќе им помогне да оздрават. На овој начин успеала да измами едно слепо лице ветувајќи му дека амајлијата ќе му помогне да прогледа.

По приведувањето во просториите на Полициска станица од општа надлежност Велес, од страна на оштетените првопријавената е препознаена како извршител на кривичните дела. Првопријавента и претходно е пријавувана за кривично дело против имотот за што и е изречена условна казна.

 

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1