Професорот од Драчево обвинет за педофилија доби ослободителна пресуда


 

Кривичниот суд денеска утврди дека нема елементи кои можат да докажат дека професорот Јордан Илиевски, од гимназијата во скопско Драчево извршил обљуба над малолетно лице.

Во обвинението стоеше дека професорот им покажувал порнографски материјали на учениците и се самозадоволувал пред нив. Илиевски за време на целата истрага тврдеше дека е наместен од секретарката на училиштето. Едно од најаките аргументи беше дека неможе да покажувал порнографски материјал на ученици во јунската испитна сесија бидејќи полагањата се вршеле пред комисија и не бил сам, а други ученици немало во училиштето.

Во текот на истрагата, полицијата добила три писмени изјави од оштетени ученици дадени во училиштето СУГС „Браќа Миладиновци“ во скопско Драчево, Според изјавите на учениците, професорот во повеќе наврати, повикувал ученици во неговиот кабинет, ја заклучувал вратата, им покажувал карти со порнографска содржина, порнографски списанија и барал од нив на компјутерите да гледаат порно филмови и порно клипови. Во исто време пријавениот вршел полови дејствија пред учениците. На овие 3 ученика подоцна се приклучија уште 9 со што вкупната бројка достигна 12. во истражната постапка се тврдеше дека професорот го признал делото.

Илиевски поради овој процес доби и отказ од работа. Кривичниот суд го отфрли случајот. Токму овој случај со денови беше топ тема низ македонските медиуми и тоа со наслови ,, наставникот педофил,, наставник мастурбирал пред деца,, и слично. Дали уште еднаш новинарите потфрлија со презумпцијата на невиност и правилото никој не е виновен додека судот не го каже тоа.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1