Проклетството на 26 декември: Ова е најстрашниот ден во годината, кога настрадале илјадници луѓе


Проклетство на 26 декември. Само во последните 15 години во светот  токму на овој датум настрадаа повеќе од 350.000 луѓе. Токму на овој датум, почнувајќи од 2000. година се случуваа големи катастрофи – земјотреси проследени со цунами, снежни бури, тајфуни, а имаше и трагични несреќи предизвикани од човечки фактор, како пожари и експлозии на нафтовод.sneg-cunami-eksplozija1-620x350-95407

Денеска е и Ден на жалоста во Русија поради смртта на 92 лица кои се наоѓаа во авинот кој во текот на летот, се урна во Црното море во близина на Сочи. Никој од 92-та патници не го преживеа падот на леталото на руското Министерство за одбрана, а меѓу настраданите се и 64 члена од прославениот Ансамбл „Александров“ и 9 новинари.

Дека овој датум е проклет се уверија пред две години московјаните. Снежната бура ја парализираше руската престолнина и предизвика хаос во метрополата.

-Луѓе запомнете го овој историски датум. Ситуацијата ќе биде полоша – ги предупредија властите жителите на Москва.

Ако се вратиме малку во минатото, ќе се сетите и на овие трагични настани. На денешен ден, во 2000. година во пожар во дискотека во кинескиот град Лиојанд животот го загубија 311 лица.

Во земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтеровата скала кој го погоди иранскиот град Бам во 2003 година загинаа околу 50.000 луѓе. Над 60 отсто од зградите во Бам беа уништени, а разорувањето според зборовите на сведоците било „незамисливо“.

-Ве молиме помагајте. Не дозволувајте да останеме живи закопани. Доколку овој земјотрес дојде од пеколот, тогаш пеколот е страшна работа – молеа Иранците.

Џиновски морски бран – цунами, предизвикан од земјотрес со јачина од 8,9 степени од Рихтеровата скала во близина на индонезискиот остров Суматра, ги заплисна бреговите на Индонезија, Шри Ланка, Индија, Тајланд, Малдиви и Малезија, усмртувајќи повеќе од 280.000 луѓе.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1