Пронајдена гробница на египетска принцеза стара 4.500 години (Фото)


Египетското министерство задолжено за историските знаменитости соопшти и официјално дека чешкиот археолог открил 4.500 години стара гробница на египетска принцеза од времето на фараоните.

Гробницата е откриена јужно од Каиро.

Мохамед Ел-Биали од министерството изјавил дека на местото каде е погребана принцезата Шерт Небти има и други гробници на значајни личности. А според напишаното и според предметите најдени во гробницата потврдено е дека се работи за гробница на принцезата.

Преткомората на гробницата содржи 4 камени столбови со пораки испишани на древно египетско сликовито писмо – хиероглифи

Гробницата ќе биде отворена за јавност откако ќе се завршат истражувањата и ќе се заштити гробницата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1