Пронајдена мртва 21 годишната Изабела: Исчезнала пред 3 месеци, а нејзиното тело било замотано во тепих


Швајцарската полиција потврдила дека телото пронајдено во шумата замотано во тепих е на исчезнатата Изабела Тодоровиќ (21).

Манфред Хунзикер (78), сопственик на шумата, го пронашол телото на девојката со потекло од Србија. Било замотано во зелен тепих.

– Веднаш ми беше јасно дека станува збор за леш, видов коса и се јавив во полиција – вели Хунзикер.

Полицијата го истражува случајот и ги проверува сите можности.

Очајната мајка Виолета е уверена дека нејзината ќерка е убиена. Семејството ја барало Изабела од 3. Ноември. Девојката тогаш последен пат и пратила СМС во која напишала дека по работа ќе оди на пијачка со колегите и ќе се врати дома со воз.

– Изчезна на 3. ноевмри. Ми испрати порака. Напиша дека со колешка ќе излезат а потоа дека наутро со воз ќе си дојде дома. Но не си дојде – вели нејзината мајка.

Нејзиното мртво тело пронајдено е пред една недела. Последен пат видена е во кафе бар во Цирих во друштво на двајца мажи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1