Пронајдена прастара слика од Исус во египетска гробница (Видео/Фото)


Еден тим од шпански археолози сметаат дека ја пронајдоа една од првите слики на Исус. Сликата на која се гледа млад маж со виткана коса, при што раката му е крената во знак на благослов, се верува дека датира од периодот меѓу 6 и 7 век.

Каталонските експерти кои ја открија сликата во стар египетски град, мислат дека ова било некое почивалиште на писатели и свештеници. Тие го оценија овој пронајдок како „извонреден“, бидејќи е дел од периодот на првите христијани.

 isus1

Археолозите сега работат на преведување на написот, кој е испишан околу фигурата, со цел да го пронајдат вистинскиот идентитет на човекот. Експертите од универзитетот во Монтпелиер не се сигурни дека ова навистина е ликот на Исус, но сепак изјавуваат дека пронајдокот е мошне сочуван.

Археолозите исто така пронајдоа и неколку орудја, кои беа закопани во еден гроб. Тука спаѓаат метално перо, кое сè уште е полно со мастило и две празни перца. Со цел да ги откријат овие пронајдоци, археолозите и инженерите мораа да помрднат околу 45 тони карпи, кои уште не се откриени целосно. Тие ќе спроведуваат понатамошни истражувања и целосно ќе откријат што се крие во гробницата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1