Прошталната забава на Барак Обама траела до 4 наутро (Видео)


Листата на гости на забавата на Обама имала толку многу селебрити имиња како да се работи за листа на гости на Оскарите. Том Хенкс, Гвинет Палтроу, Џорџ Лукас, Роберт де Ниро, Џорџ и Амал Клуни се само дел од имињата на листата.

Врвни ѕвезди од музичката сцена, филмот и разни активисти танцувале до 4 часот наутро на последната забава на Барак Обама како претседател, што се одржа на 6 јануари во Белата куќа.

Меѓу гостите биле Стиви Вондер, Џорџ и Амал Клуни, Лена Дунам, Пол Макартни, Брус Спрингстин, Гвинет Палтроу, Ашер, Роберт де Ниро и Џорџ Лукас.

Уште во декември во интервју за магазинот „Пипл“ американскиот претседател во заминување најави дека тој и неговата сопруга Мишел ќе приредат голема забава пред тој да си замине од функцијата.

Во видео снимено пред Белата куќа во 4.33 часот наутро, а објавено на Инстаграм, раперот Ченс изјавил дека забавата била неверојатна.

– Не ни дозволија да носиме камери, но само да знаете дека беше историска (забавата), беше прекрасна, се играше, луѓето се смееја, имаше љубов, имаше гушкање – изјавил раперот, пренесе „Гардијан“.

Од Си-ен-ен пак обајвија апдејти од пристигнувањето на гостите: Том Хенкс со сопругата, Рита Вилсон, моделот Криси Тајген со сопругот Џон Леџенд, водителот во пензија Дејвид Летерман кој носел џемпер. Актерката Мерил Стрип на забавата дошла со такси, а гости биле и Меџик Џонсон, актерката Оливија Вајлд со сопругот (објавија и селфи по заминување од забавата).celebs-attend-obama-last-white-house-party-1

Пред почетокот на забавата имаше најави дека кај Обама ќе се забавуваат и Бијонсе, Џеј Зи, Опра Винфри и Бредли Купер, иако нивното присуство не е потврдено.

И додека Барак Обама собра куп ѕвезди за своето збогување, во медиумски извештаи се тврди дека Доналд Трамп се бори да состави листа на изведувачи за својата инаугурација. Според последните информации, хрватските музичари од составот „Ту Челос“ одбиле да настапуваат на назначувањето на Доналд Трамп за нов претседател на САД.vvv tom-henks obama-farewell-party-5

Претходно, првата дама на САД во Белата куќа одржа проштален говор, им упати порака на Американците па се расплака. Во говорот, опкружена од просветари, административци и ученици, Мишел акцентот го ставила на младите луѓе меѓу присутните и ширум нацијата, со порака дека земјата на нив им припаѓа.

Нема подобар начин, рекла Мишел, крајот на времето како прва дама да го дочекам со прослава со вас. Затоа сакам говорот да го завршам со едноставно – ви благодарам за се што правите за нашите деца и земјата. Ми беше најголема чест во животот да бидам ваша прва дама. Се надевам и вие бевте горди со мене – изјавила Мишел и се расплакала.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1