Прославата на независноста во Варшава се претворила во хаос – 70 повредени (ВИДЕО)


Најмалку 276 лица се уапсени, а 47 повредени за време на безредијата во Варшава за време на прославата на Денот на независноста.

Во судирите меѓу радикалните националисти и полицијата во вторникот повреdени се 51 полицаец, јавува TVN24. Хулиганите, меѓу кои некои носеле маски, ги гаѓале полицајците со камења, петарди и делови на калдрма, а полицијата во еден момент употребила и воден топ.

marsh-nezavisnost-polska-540x320
Хулиганите биле меѓу десетиците илјади луѓе кои учествувале во маршот којшто го организираа екстремистичките националистички групи. Полицијата претпоставува дека станува збор за навивачи на локални фудбалски клубови.

Полскиот претседател Бронислав Коморовски ја предводеше официјалната прослава и празничниот марш по повод националниот празник со којшто се одбележува независноста на Полска по Првата светска војна.

Претходно, 123 години пред војната, Полска била практично избришана од мапата, со оглед на тоа што нејзините територии ги поделиле Австрија, Русија и Прусија.

Националистичките групи секоја година организираат марш на улиците на Варшава по повод одбележувањето на годишнината од независноста на Полска, на којшто четврта година по ред има насилни судири.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1