Фото: Проштална порака на татко кој го убил дилерот на дрога на синот


Откако синот му починал поради подметнато апче екстази, таткото го убил дилерот со нож во срцето, а потоа се самоубил.

Рој Алисон се обесил откако бил пронајден трупот на Данкан Бел, цовекот кој бил осомничен дека на синот на Рој, кој му бил најдобар пријател, му подметнал апче екстази во пијачката. Кусо откако Рој Јуниор ја испил пијачката паднал во бесознание и полинал.

полицијата ги истражува тврдењата што 65 годишниот Рој ги напишал во своето проштално писмо, пред да се обеси.
во писмото пишал дека ќе го убие Бел, а потоа ќе си го одземе животот. Писмото го испратил до локалните весници со наслов – сакам правда за својот син. во него детално опишува зошто смета дека Бел е главниот виновник за смртта на неговиот син и дека нема да чека да се извлече од судскиот лавиринт и ќе ја побара правдата сам.

,, Јас сметам дека е исправно да го отстранам тој ,,шљам,, од нашето општество. Сакав да се убијам веднаш по смртта на синот, но кога открив дека оној кој му глумел најдобар другар го убил, одлучив да ја истерам правдата,, пишува во писмото.

Рој раскажува дека најмногу бил револтиран кога Бел дошол кај нив по сртта на синму и дури и плачел, за подоцна да се дознае дека ги избришал сите трагови пред да додје полицијата да прави увид на локацијата каде неговиот син испуштил душа.

,, Законот е закон, но правдата е нешто друго, ние не добивме правда. Правда е тој човек да умре од моите раце. Тој го зеде животот на синми јас ќе го земам неговиот,, напишал Алисон.

Дилерот Бел е пронајден мртов со забоден нож во срцето, а кратко потоа бил пронајден и Рој Алисон обесен.
Несреќниот татко писмото од 9 страници го пратил на 14 различни адреси, меќу кои и до полицијата.

Tags: , , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1