Протест на новинарите пред Влада


Новинари од повеќе медиумски куќи се собираат пред ЗНМ за да му изразат поддршка на претседателот на Здружението, Насер Селмани, кој добивал закани за животот од страна на функционерот на ДУИ, Бекир Асани.

Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), рече дека Синдикатот не прифаќа никакви осуди од страна на Владата бидејќи Владата треба да дејствува и да го расчисти овој случај.

„Напад врз претседател на здружение на новинари е напад врз сите новинари во државата“, истакна Чаусидис.

Таа исто така истакна дека нема две влади и оти Обвинителството, без да чека, по службена должност веднаш треба да поведе постапка портив Бекир Асани.

Селмани пак порача дека новинарите се денес пред владата затоа што се прелила чашата, затоа што се спроведува цензура во телевизиите, затоа што новинарите се влечат по судови бидејќи сликаат политичари на јавни места.

– Сакаме да испратиме порака до Влада на која и плаќаме даноци. Владата е влада на Македонија, не прифаќаме да постојат две влади и оваа влада има обврска да ги замолчи насилниците. Не е време Владата да пишува осуди, тоа нр е доволно! Има обрска да ги замолчи. Еден режим испративме утре може да настане нов. Не им се плашам. Не му се плашев на Никола Груевски кога се закануваа на моите деца и кога се закануваа дека ќе ме апсат. Не им се плашам на насилниците од ДУИ и на оние што седат со нив во Владата и што молчат. Ништо не ни можат! – рече Селмани.

На протестот се појави и министерот без ресор задолжен за транспарентност и предност Роберт Поповски кој повтори дека најостро го осудуваат нападот кон Селмани, како и владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

– Ве уверувам дека оваа вВлада има нула толеранција. Мило ми е што се испраќаат пораки и кон другите институции бидејќи Владата не е единствената институција која треба да си ја заврши својата работа. Тука е и јавното обвинителство. Во однос на цензурата сакам да кажам дека таа е забранета со уставот и не смее да се случува – рече Поповски.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1