Провалник се заглавил во ролетната од прозорот додека се обидувал да избега



Крадецот Томас Молина (38) провалил во еден колеџ во Албукерк во потрага по компјутери кои биле цел на неговиот грабеж.

На крајот сепак не успеал да им избега на полицајците бидејќи во обидот за бегство се заглавив во ролетната на еден од прозорите.

Претходно очевидци пријавиле дека сомнителен тип се мота околу колеџот по завршување на работното време, по што полицијата веднаш стигнала на местото и го затекнала крадецот како виси на прозорот.
Молина е уапсен и признал дека сакал да краде компјутери, по што е обвинет за обид за тешка кражба.

Tags: ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1