Проверете каде ќе удри, УХМР за попладне најавува силно невреме


Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно на југот и истокот од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места е можно процесите да бидат поинтензивни со појава на град и засилен ветер.

Foto Meteopro.mk

Утринската температура ќе се движи од 12 до 21, а дневната од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 18, а дневната до 32 степена.

Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои во јужните делови се очекува да бидат поројни и пообилни (над 30л/м2). Локални врнежи од дожд се уште ќе има и во понеделник претпладне. Во недела и во понеделник ќе дува повремено засилен северен ветер, а температурата значително ќе се намали. Најсвежо ќе биде во недела кога максималната температура на повеќето места ќе биде само малку над 20 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1