Проверете си ги сметките ако сте на ОНЕ – наплаќале за СМС игра иако не сте играле ?!


Во тек е наградна СМС игра на мобилниот оператор ОНЕ. Читатели се жалат дека и покрај тоа што не испратиле смс потврда дека сакаат да ја играат играта на сметката повторно им е наплатено за секој ден наводно учество во играта?.

Еве што вели читател на Mknews кој тврди дека не испратил согласност да учествува во играта и затоа немало потреба ни да праќа СМС Стоп, но и покрај тоа вели дека му е наплатено учество. Тој покрај жалбата до ОНЕ најавува дека ќе се жали и во АЕК а работата ќе ја тера и до суд. Само за потсетување слична ,,измама,, читатели пријавија пред една година и од ВИП.

Си ја проверивте ли сметката за мобилен – ВИП наплаќале за СМС игра иако не сте играле ?!

Писмото на читателот ви го пренесуваме во целост, како и преписката со ОНЕ која ја имал на Фејсбук one nagradna

ВАЖНО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
РЕКЕТ-ПРЕВАРА на ОНЕ Мобилен опертор.
Во тек е наградна игра за која ако не се откажете дека не сакате да играте автоматски ве вклучуваат и јал не јал ви наплатуваат 35 денари секој ден. АЛАЛ ВЕРА. Па до кога ќе не бричите на голо. Има ли во оваа држава некој кој ќе застане во одбрана на обичниот граѓанин потрошувач???? или се се претвори во превара????
Не знам кој ги советува за вакви супер-бизмис-лесна заработка акции но верувам дека постои закон кој ќе му застане на опашот на вакви бизмиси.

Имено на почетокот на минатиот месец добив смс порака на телефонот од мобилен оператор ОНЕ дека бесплатно добивам 3 дена да играм некоја наградна игра за автомобил Корса и секојдневни парични награди од 5000 денари. Као требало да се погоди некој збор. Јас воопшто не обратив внимание на овој смс и едноставно го избришав.

Секојднево добивав пораки за наградната игра но веднаш ги бришев за да не ми ја трошат меморијата. Воопшто значи не сум ни помислил да учествувам да играм а камоли да сум пратил барем еднаш порака и да го погодувам зборот кој е услов за награда.

Денес добив смс порака со која ОНЕ ме известува дека фактурата за месец март изнесува 1.348 денари што ме изненади затоа што со овој телефон вообичаено плаќам околу 500 денари. Се јавив на оператор и побарав да ми казат од каде толкав износ на фактура. Ми објасни дека играм наградна игра. Кога го прашав како се игра таа игра, операторот ми објасни дека првите три дена биле бесплатни а потоа ако јасно не сум ја изразил мојата воља дека не сакам да играм, тие си продолжувале секојдневно да ме задолжуваат со 35 денари за моето учество во играта.

Јас ја прашав операторката како може да сметаат дека прифаќам да ја играм играта без моја јасна и недвосмислена потврда а не со јасен израз на мое неприфаќање и дека тие ме вклучиле во играта на основа на нивна желба а не на моја желба и дек тоа е толку расипано поствено да немам зборови. Не сакав да полемизирам со неа па ја замолив да ми каже дали и понатаму ми сметаат глоба од 35 денари дневно што ми потврди дека уште за 12 дена за овој месец ми ја задолжиле сметката. Кога ја прашав на кој начин се стопира моето учество ми обасни дека само е потребно да каам дека не сакам повеќе да играм и потоа ми го прекина учеството во наградната игра на столетието. Ми објасни дека можам да вложам приговор од вторник.

Испратив моја реакција на ФБ на ОНЕ и после кратко време добив одговор дека тие веке неколку години организираат такви наградни игри и дека немало никкви проблеми. Се си е во ред согласно на пропозициите на играта објавени на нивниот сајт.

Screenshot_100

one1

Ќе ги запознаам АЕК и најверојатно ќе се видиме на суд. Ме убедуваше дека се си е регуларно но моето мислење не е баш такво. Во секој случај ќе одам во вторник да поднесам приговор дека немам намера да платам нешто што е измислено од нивна страна и на криминален начин стекнато и не сакав повеќе да разговарам со тоа лице, само поарав да ми го дадат името нна нивниот адвокт за да стапам во контакт, што не ми дадоа. Ете тоа е тоа и мислам дека тука има материјал за кривична пријава против раководството на фирмата за злоупотреба или да се види со некој адвокат какви уште дела може д произлезат за излегување на суд.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1