Прва средба по 24 години: Мајката на Дражен ја запозна девојката која беше во голфот кога тој загина


Мајката на легендарниот кошаркар Дражен Петровиќ, Бисерка во Истанбул се запозна со турската кошаркарка Хилал Едебал, која била во автомобилот во кој загина нејзиниот син.

Дражен Петровиќ загина во сообраќајна несреќа на 7 јуни 1993 година. За разлика од останатите хрватски репрезентативци, кои во Загреб се враќаа со авион, Дражен на пат тргна со автомобил, со девојката, германска манекенка и кошаркарка Клара Шаланци, која била зад воланот. Трагедијата се случи на автопат во Германија.

Клара го возеше црвениот голф, а Дражен спиеше на совозачкото место. Тие удрија во камион кој им се испречил на патот. Клара не го видела зошто видливоста била слаба.

Дражен Петровиќ загина, а Клара помина со повреди. Со нив во автомобилот беше и турската кошаркарка Хилал Едбал, која седела на задното седиште и која се здобила со тешки повреди. Хилал и била пријателка на Клара, која во автомобилот ја зела да и прави друштво.

-Желба ми е беше да дојдам во Истанбул и да ја запознам кошаркарката која со Дражен беше во автомобилот, изјави Бисерка Петровиќ.

Желбата и ја исполни ТВ станицата ТРТ Ворлд. Новинарката на оваа телевизија Семра Хантер ја доведе Бисерка Петровиќ во Истанбул каде ја запозна Хилал.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1