Путин му ја честита победата на Ердоган на референдумот


Рускиот претседател Владимир Путин вечерва му честиташе на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за победата на референдумот.putin erdogan

Во телефонскиот разговор со Ердоган рускиот претседател разговарал и за засилените напори за нормализација на врските и го истакнал значењето на заедничката работа на засилување на примирјето во Сирија, пренесоа британските медиуми.

Ова го потврди и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе ТАСС.

Како што се наведува, двајцата претседатели разговарале и за меѓународната истрага по повод наводниот напад со хемиско оружје во Сирија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1