Путин: Немам паметен телефон, интернет воопшто не користам


И додека повеќето од нас тешко можат да се замислат дури и еден час без паметне телефон, рускиот претседател Владимир Путин (65) вели дека воопшто го нема.

За себе вели дека е „технофоб“ и признава дека никогаш не користи Интернет. Повеќе сака за важните работи да го информираат најблиските соработници.
Својата нетрпеливост кон современите технологии ја истакна и за време на состанокот со научниците и академците во Сибир по изјавата на членовите на институтот за нуклеарно истражување за тоа како „денеска секој има паметен телефон во џебот“.

– Велите дека сите имаат паметен телефон, но јас го немам, низ смеа рекол Путин.

Рускиот претседател своевремено изјавил дека Интернет проекот на ЦИА е место за порнографија. Истакнал дека, за разлика од Трамп кој е „опседнат со Твитер“, нема апсолутно никаков интерес консоцијаолните мрежи.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1