Путин за атентатите над него: Еве колку пати сакале да го убијат


Режисерот Оливер Стоун и претседателот на Русија Владимир Путин разговарале за обидите за атентат во интервју кое е емитувано на телевизијата Си-Би-Ес.

Претседателот на Русија, Владимир Путин на прашање на режисерот Оливер Стоун за атенатите кажа:- Знаете како велат кај нас? На кого му е судено да биде обесен, нема да се удави.

Според неговите зборови тој верува во своите служби за безбедност. Во текот на интервјуто Оливер Стоун наведува пет најпознати обиди за убиство на Владимир Путин.

Не е познато колку планирани обиди за убиство на Владимир Путин имало. Медиумите наведоа десетина случаји, кои на овој или оној начин биле поврзани со обид за атентат на рускиот претседател. Непосредно пред третиот избор на Путин за претседател во 2012 година, во Украина приведени се две лица за кои имало сомнежи дека припремале атентат над него.

Оливер Стоун моментално го завршува снимањето на филмот за Владимир Путин. Тој ќе почне да се прикажува на 12 јуни.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1