Путин загрмил: Ви дадовме ураниум, а вие ја бомбардиравте Југославија


Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги критикувал САД што не го исполнуваат својот дел кога станува збор за меѓународните договори.

Тој рекол дека Москва нема да напушти ниеден постоечки договор, но ветил “моментален, симетричен одговор” ако Вашингтон одлучи прв да се откаже.

Запрашан за заканата на американскиот претседател дека ќе ги повлече САД од иранскиот нуклеарен договор, Путин зборувал за програмот за “префрлање” на ураниум од Русија, односно растоварувањето на збогатениот ураниум со еквивалент од околу 20.000 нуклеарни боеви глави, за тој да се користи како гориво во американските електрани во период од 1993. до 2003. година.

Путин тоа го нарекол еден од “најефикасните обиди за разоружување во историјата”. Како што рекол, американските службеници тогаш имале 170 посети на руски фабрики.

“Од руска страна беше демонстрирана целосна отвореност и доверба”, рекол Путин и додал дека во текот на 90-тите години, околу 100 американски службеници имале право да спроведат изненадна инспекција на руските нуклеарни објекти, во рамките на договорот со Горбачов и Јелцин.

“Тоа што го добивме за возврат е добро познато – комплетно занемарување на нашите национални интереси, поддршка за сепаратизмот на Кавказ, бомбардирање на Југославија, инвазија на Ирак и така натаму”, рекол Путин.

Путин додал дека кога станува збор за меѓународните договори, тие не може да се спроведат еднострано бидејќи “американската страна не работи ништо”.

Tocka.com.mk

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1