Работа на жешко нема и точка – казнети 25 фирми чии работници работеле


Само во текот на вчерашниот ден биле поделени 25 казни ,, забрана за вршење дејност,, на фирмите кој не ги почитувале препораките за топлотниот бран.

Најмногу казни се за фирми кои извршувале градежни работи за општините.

Стопирани се градежните работи на објектот ЈП Водовод и канализација, булеварот Св. Климент Охридски, кружниот тек кај Ѓорче Петров и изградбата на две катни гаражи.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски се закани ако породолжат со непочитување на препораките ќе има и построги казни, а и јавно ќе се обелоденат имињата на оние фирми кој ги тераат своите работници да работт во најжешкиот и најризичниот период од денот.

Сите органи во Владата, општини и приватни субјекти, се должни да ги запрат своите активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во спротивно, без разлика на тоа кој е работодавец, ќе бидат изречени сериозни казни согласно со Законот за безбедност и здравје при работа, децидни од МТСП.

Tags: , , , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1