За две работни места во Судот на Европската унија во Луксембург, се пријавиле само седумина. Иако ги привлекла поприлично високата плата, се чини дека имале проблем со строгите услови.
Мака поради францускиот
Тие треба да ги задоволат поприлично строгите услови кои ги барал судот. Така мораат да имаат повеќегодишно искуство, истакната правничка кариера. Мораат да бидат и професионално независни и да ја познаваат праксата на европското право. За да го добијат посакуваното место за кое конкурирале, мораат да го познаваат не само англискиот, туку и францускиот јазик. Токму тој француски многумина ги запре во пријавата.
Во случај некои од седумината да успее да влезе ќе зема годишна плата од 250,000 евра.