Раскажал како ги убил – МВР со детали за убиството во Кавадарци


На 9-ти околу 16,00 часот Т.С. се упатил во куќата на родителите на неговата сопруга со која се во бракоразводна постапка и по кратка расправија со сега починатата Билјана Л. и Снежана Л., со огнено оружје- пиштол кој го носел со себе испукал по еден куршум во пределот на градите. Потоа, се качил на катот од куќата каде го пронашол Илија Л. во кој испукал еден куршум во пределот на градите, по што го напуштил лице местото. Од здобиените повреди на лице место починале сопружниците Билјана Л. и Илија Л., додека нивната ќерка Снежана Л. им подлегнала на повредите во Општа болница Кавадарци.

10665393_4750444175691_97767198190097115_n

Вака се одвивала крвавата драма во домот на Леови во Кавадараци во неделата. Ова е утврдено од страна на полицијата по извршениот разговор со 40-годишниот Т.С. во полициската станица.

Тој е уапсен вчера откако по претходно добиени оперативни сознанија извршен е претрес на терен на северната страна на градските гробишта во Кавадарци, при што осомничениот бил забележан од страна на полициските службеници на оддалеченост од околу 20 метри.

-Притоа, издадена му е наредба да застане, но истиот извадил огнено оружје – пиштол и за цело време го држел во десната рака со цевката надолу кон земјата. Повторно му е издадена наредба „стој полиција“ која наредба ја одбил и се дал во бегство, по што од страна на полициски службеник испукани се неколку предупредувачки истрели во воздух. Осомничениот продолжил да бега низ околните улици, за да на крај повторно влегува во просторот на градските гробишта каде е обиколен од повеќе полициски службеници. По кратко убедување истиот го спуштил пиштолот и од страна на полициските службеници е лишен од слобода, соопштуваат од МВР.

Осомничениот Т.С. со кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ е  изведен пред надлежен Јавен обвинител, a Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, осомничениот претходно е пријавуван за кривично дело „насилство“ , кривично дело „телесна повреда“ и кривично дело „одземање малолетник.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1